Високо квалитетна козметика

НАШАТА ПРИКАЗНА

Ние сме ексклузивни застапници на Грчката компанија Eesome, која произведува висококвалитетна козметика инспирирана од Грчко-Медитеранската природа.

Eesome ја создадоа оваа палета на производи со цел да ги исполнат очекувањата на оние кои ја сакаат Грција и секако нејзината прекрасна природа: сонцето, морето и копното.

Сите производи се подготвуваат и произведуваат во Грција.

Дали знаете дека поради својата единствена топографија, копното на Грција е едно од најбогатите во целиот свет! Ова е една од причините за создавање на ефикасна, природна линија на козметика. Сите наши производи промовираат здравје и сјај. Лесно се апсорбираат и нивните ефекти се ЧУДЕСНИ.

Зад нашите производи стои тим кој секојдневно работи за да обезбеди најквалитетна козметика што може да се најде на пазарот. Нашите формули се дизајнирани да ги задоволат современите услови на животната средина и потребите на кожата.

Контролите на квалитет се вршат во текот на процесот на производство. Тестирањето врз животни е строго забрането.

Нашата линија на производи е биоразградлива - што едноставно значи дека по нивната употреба голем дел се “троши” од околината без оптоварување на почвата и земјиштето.